Skip to main content

Утре ќе бидат презентирани резултатите од инфраструктурната поддршка насочена кон подобрување на медицинските услуги во струшка Нефрологија

На настанот ќе присуствува директорот на установата, Јетмир Зиба, заменик министерот за локална самоуправа, Ерџан Селими и директорот на Центар за развој на Југозападен плански регион, Ваљон Каба.
 |  инфодеск  | 
Нефрологија Струга

Центарот за развој на Југозападен плански регион утре ќе одржи презентацијата на резултатите од инфраструктурната поддршка насочена кон подобрување на медицинските услуги во ЈЗУ Нефрологија – Струга, овозможени во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, кои ги реализираше Центарот за развој на Југозападен плански регион со поддршка на Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија.

Настанот ќе се одржи во среда (11.12.2024 год.) во 11 часот во ЈЗУ Нефрологија – Струга.

На настанот ќе присуствува директорот на установата, Јетмир Зиба, заменик министерот за локална самоуправа, Ерџан Селими и директорот на Центар за развој на Југозападен плански регион, Ваљон Каба.