Skip to main content

Протест против испраќање војници во Авганистан

Движењето за социјална правда “Ленка“ денеска ќе протестира пред Универзалната сала во Скопје за повлекување на македонските војници од Авганистан.

 |  Маја Савиќ  | 
vojnici
војници

LenkaДвижењето за социјална правда “Ленка“ денеска ќе протестира пред Универзалната сала во Скопје за повлекување на македонските војници од Авганистан.

“Со најновото зголемување на бројот на војниците, Македонија се искачи дури на 4-то место според бројот на војници во Авганистан во однос на бројноста на населението. Единствено Британија, Холандија и Данска имаат повеќе војници во Авганистан гледано според бројноста на населението. Авганистанскиот народ никогаш и со ништо не му згрешил на македонскиот народ. Напротив. Затоа, ако навистина постои желба да му се помогне на авганистанскиот народ, единствено соодветно е Владата на Република Македонија да испрати храна за гладните, покрив за бездомните, лекови за болните со парите што ги троши за испраќање војници“, велат од Здружението.

Мирниот собир ќе се случува пред Универзалната сала, бидејќи како што велат од Здружението, таа е изградени и со помош од Авганистан по земјотресот во Скопје во 1963 година.

Според нив, мировната мисија во Авганистан не може да се нарече така бидејќи мировните мисии не значат отпочнување војна, туку воспоставување мир по избувнат конфликт.

{loadposition content9}