Skip to main content

Утре се одбележуваат 80 години од Антифашистичкиот фронт на жените

Фондацијата Фридрих Еберт – канцеларија Скопје во соработка со Региноналната феминистичка антифашистичка мрежа (ФАМа) ќе одржат настан по повод одбележување на 80 години од основањето на Антифашистичкиот фронт на жените (АФЖ).
 |  инфодеск  | 

Фондацијата Фридрих Еберт – канцеларија Скопје утре, четврток 12.12.2024, со почеток во 19.30 часот, во соработка со Региноналната феминистичка антифашистичка мрежа (ФАМа) ќе одржат настан по повод одбележување на 80 години од основањето на Антифашистичкиот фронт на жените (АФЖ), во Кинотека на Македонија.

Предвидено е учество на експертки и активистки од регионот со цел заедничко одбележување на наследството и влијанието на АФЖ, осврнување на заедничката историја и на вредноста на антифашистичкиот фронт на жените во денешен контекст, информираат од фондацијата.

Свои обраќања ќе имаат учесничките од регионот од Феминистичката антифашистичка мрежа ФАМа, а македонскиот глумец Никола Ристановски ќе го изведе авторскиот текст „Таа“ на македонската теоретичарка на уметност Искра Гешовска. Учениците од СУГС „Никола Карев“ ќе ја изведат изведбата „Духот на слободата“ – историско движење за правата на жените коишто започнале со антифашистичка солидарност во регионот.

Влезот во Кинотека е бесплатен за сите посетители.