Skip to main content

Николоски најави уште 6 нови авиолинии до крај на годината и нов трет мобилен оператор

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски најави отварање на уште најмалку шест нови авио линии од скопскиот и охридскиот аеродром до крајот на годината и нов трет мобилен оператор.
 |  инфодеск  | 
Аеродром Охрид

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во емисијата „Само интервју“ на Канал5 најави отварање на уште најмалку шест нови авио линии од скопскиот и охридскиот аеродром до крај на годината. Веќе претходно беа најавени 4 нови линии од Скопје и 2 од Охрид.

“Ќе имаме нови дестинaции. До крај на годината уште нови 6 линии ќе објавиме кои ќе оперираат од скопскиот и охридскиот аеродром. Видете, кога дојдов на позицијата министер увидов дека бројот на патници се намалуваше а аеродормите во регионот ја зголемуваа конкуренцијата. Морам да кажам дека по кракатер имам натрпреварувачки дух и тоа беше голем мотив да ги сменам работите и еве сега се менуваат работите. Ќе имаме нови дестаинации и нека повелат колегите од Бугарија, Албанија, Србија да се натпреваруваме, мислам дека јас ќе донесам најмногу авиолинии”- истакна вицепремиерот и министер Николоски.

Во истата емисија вицепремиерот најави и завршување на дуополот на двата мобилни оператори во Македонија и намалување на цените за мобилни услуги, потенцирајќи дека унгарската компанија 4iG е најсериозна компанија во моментов да влезе на македонскиот пазар и да понуди поевтини цени.

-Унгарската компанија денеска официјално поднесе документи во Агенцијата за електронски комуникации и изразија интерес за трет мобилен оператор. Сега веќе АЕК треба да ја води постапката и се надевам дека ќе оди во правилна насока и дека конечно овој дуопол кој што го имаме на пазарот на два оператори, кои што буквално ги цицаат македонските граѓани ќе биде разбиен и ќе може да имаме трет оператор кој што ќе понуди услуги за помалку пари”- истакна вицепремиерот и министер за транспорт Николоски.

Тој потенцираше дека секоја друга компанија може да конкурира, а целта е да се обезбедат поевтини услуги за граѓаните. Николоски образложи дека ваквата одлука следува откако мобилните оператори во Македонија не направиле ништо во изминатите четири месеци да ги подобрат условите.

“Ниту ги намалија цените, ниту ги подобрија услугите, ниту го почитуваат законот, истакна Николоски.