Диви свињи ги пустошат нивите на брегот на Охридското Езеро
Диви свињи ги пустошат земјоделските посеви на брегот на Охридското Езеро. Земјоделците се жалат потполно уништени им се нивите со пченка, пченица, грав и цели лозја. Повеќе групи диви свињи од НП Галичица уништуваат по стотици квадрати насади од Студенчишкото блато до населбата Свети Стефан.
И покрај тоа што нивите ги оградија со мрежи, штетите на земјоделците се огромни.
„Преку месна заедница поднесено е барање до ргадоначалникот на општина Охрид, до,министерство за земјоделие и до НП . Добивме одговор од општина велат не се надлежни го посочија дека е надлежен НП. Истиот одговор го добивме од министерство за земјоделие тие не се надлежни а од НП псиемнео немаме одговор добиено.“ – вели Благоја Пазаркоски, земјоделец.
„Секоја година се повеќе и повеќе има штета. Нешто оградив но ефект нема. Никој не презема ништо надлежен нема изгледа сакаат да ги оставиме да не ги работиме нивите.“ – вели Љупчо Јованоски, земјоделец.
Дивите свињи, поради забраната за лов во НП Галичица се намножени и во потрага по храна слегуваат во градот. Земјоделците апелираат институциите да преземат итни мерки.
„Веќе пет шест години како последици од прасињата не собираме ништо а фрламе огромни средтсва како што е самата политик секое парче земја да биде обработено ние се трудиме.“ – вели Владе Рудески земјоделец.
„Лани трактористот ми ја изора нивата ама едно зрнце грав не зедовме еден кочанче не зедовме се тоа благодарение на тие дивите рпасиња кои се зашттиени со не знам каков закон.“- вели Наум Рудески земјоделец.
Од НП Галичица велат се преземаат соодветни мерки во рамките на овластувањата на паркот.
Новинар Соња Рилковска