Skip to main content

црвен крст – охрид

Новогодишната хуманитарна акција „Волшебна елка“

Секој хуман сограѓанин, фирма, институција ќе има можност да избере еден или повеќе волшебни лампиони од Новогодишната елка и да ја исполни новогодишната желба напишана во него.
 |  инфодеск  | 

Стартува Новогодишната хуманитарна акција на Црвен крст Охрид „ВОЛШЕБНА ЕЛКА“ наменета за децата од социјално загрозените семејства. Волонтерите на Црвен крст – Охрид во соработка со KAM Village во просторот на овој Центар ќе накитат голема Новогодишна ВОЛШЕБНА ЕЛКС, на која покрај обичните украси и лампиони, ќе бидат поставени и волшебни лампиони во кои ќе се напишани скромните новогодишни желби на децата од социјално загрозените семејства од Охрид и Дебрца.

Секој хуман сограѓанин, фирма, институција ќе има можност да избере еден или повеќе волшебни лампиони од Новогодишната елка и да ја исполни новогодишната желба напишана во него.

Акцијата трае од 15 до 25 декември, а децата своите новогодишни желби-подароци ќе ги добијат на предновогодишна забава организирана на 28 декември (сабота), околу Волшебната елка во КАМ Village маркетот.

– Во РАДОСЕН ДЕКЕМВРИ, месецот на дарување да ја рашириме и споделиме празничната магија и во духот на хуманоста, солидарноста и љубовта, направиме да се остварат барем некои од новогодишните желби на децата кои живеат во социјален ризик. Бидете хумани, дарувајте и израдувајте! Ве очекуваме кај ВОЛШЕБНАТА ЕЛКА во KAM Village. – порачуваат од Црвен крст – Охрид.