Ќе се вработат 30 нови полицајци во СВР Охрид
Министерството за внатрешни работи денес распиша конкурс за прием на 600 полицајци.
Министерството за внатрешни работи денес распиша конкурс за прием на 600 полицајци. Половина од нив (300) ќе бидат вработени во подрачјето на општина Скопје, а останатите ќе бидат распределени во Охрид (30), Куманово (15), Штип (35), Тетово (20), Битола (15), Велес (15) и Струмица (40). Предвидени се и 62 вработувања во Регионалните центри за гранични работи и 50 во Одделот за специјални полициски операции.
Рокот за доставување на пријавите изнесува 15 (петнаесет) дена, сметано од наредниот ден од денот на објавување на јавниот оглас (не сметајќи го денот на самото објавување).
Повеќе информации на Официјалната страна на Министерството за внатрешни работи.