Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид ги презентираше недвижното културно наследство и археолошките локалитети на Охридскиот регион
НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид информира дека на 13. декември во Хотел Нова Ривиера – Охрид, организираше завршен настан за Презентација на ГИС платформата на недвижно културно наследство и археолошки локалитети на Охридскиот регион.
Презентацијата е дел од Проектот кој е со наслов: „Јакнење на капацитетите за управување со културното наследство на Oхридскиот Регион: Обука за развој на бази на податоци и ГИС-платформа за недвижно културно наследство за Заводот и музеј –Охрид“ Поврзано со договорот за донација со УНЕСКО.
Објавата ја пренесуваме во целост:
„Покрај Запознавање со проектот од страна на кординаторот м-р Горан Патчев, свои презентации имаа и меѓународните експерти Ренд Епик и Татјана Мијатовиќ како и домашните експерти Устијана Речкоска Шикоска и Анастасија Талевска.
ВЕБГИС платформата ја претстави Ѓорѓи Стојанов, претставникот од компанијата „ИНТЕЛЕГЕНТ НЕТВОРК СОЛУШН ДОО Скопје“
Во текот на двете години од реализацијата (2023-2024) се остварија низа активности како што се 3 работилници, 4 мисии, 32 посети на локалитети за што беа доставени три обемни времени извештаи до седиштето на Единицата за Европа и Северна Америка во Центарот за Светско Наследство на УНЕСКО во Париз.
Активностите помеѓу другото опфатија и потпишување на Меморандум за соработка од страна на НУ Завод и Музеј Охрид, и Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“, со што е официјализирана претходно воспоставената соработка меѓу двете институции а во врска со организација и спроведување на „Регионален камп за реставрација“ (RRC) во партнерство со „Културно наследство без граници – Албанија“ (CHwB Албанија) со кои исто така е потпишан Меморандум за соработка. Дел од активностите беа и презентациите од поканети експерти од разни области а дел се одвиваа во просториите на НУ Завод и Муеј Охрид и на терен, организирани на повеќе локации од Македонска и Албанска страна, последователно, за евиденција, инвентаризација, дигитализација и користење на современа технологија за 3Д снимање со помош на дронови и фотограметрија за изготвување на ортофотографии и топографски карти. Резултатите од овие активности е создавање на ГИС платформа за недвижното културно наследство и археолошките локалитети од Охридскиот регион со што се обезбеди ВЕБГИС база на податоци која ќе може да ја користи и пошироката јавност а ќе се потхранува со податоци за недвижното културно наследство и заштитените и евидентирани археолошки локалитети собрани и документирани во текот на проектот.
Во текот на проектот беа обучени 6 професионалци од НУ Завод и Музеј Охрид како и 32 обучени лица преку Регионалниот реставраторски камп не само од Албанија и Македонија туку и од други соседни балкански земји. Беа снимени 32 локации и изработени 3Д модели и ортофотографии (вклучени во ГИС) на локации во Охридскиот регион, вклучително и ортофото на 2 целини од историските јадра на Охрид и Поградец, со приближно 35000 фотографии. Беше прегледана и ажурирана бројна документација и се направи инвентаризација од територијата на 4-те општини Охрид, Струга, Дебрца и Вевчани на 181 разновидно културно наследство а се евидентираа 380 објекти и археолошки локалитети. На албанска страна се забележани 4 споменици на културата во границите на УНЕСКО Регионот и 8 во граници на контактна зона на регионот од албанска страна.
Ова е првиот транснационален Географски Информациски Систем од Светското наследство на Охридскиот Регион, и е од суштинско значење за управување со стотиците локалитети околу езерото.
За потребите на транспарентно спроведување на проектот објавени беа и јавни набавки за компјутерска опрема и за ангажирање на агенција за организирање на настани, патување, сместување и исхрана за меѓународни и домашни експерти ангажирани во проектот.
При многубројните посети и мониторинг на културното наследство беше констатирано дека постојат различни карактеристики на локалитетите на културното наследство околу Охридското Езеро и тоа: Пештерските цркви, Верски (Манастирски) комплекси, Археолошки локалитети и Урбани локалитети (Населени места).
Сликите од дрон прво се обработуваа на терен со мала резолуција со помош на фотограметрискиот софтвер Агисофт и модел со ниска резолуција и генерирање на ортофото а потоа вметнати во примерок од ГИС софтвер.
Главната цел на проектот беше зајакнување на капацитетите на вработените во Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид за подобрување на управувањето со културното наследство распространето низ територијата на Охридскиот регион, земајќи ги предвид наодите од Реактивна мониторинг мисија (2017) и извештаи на мисијата 2024 (одлука 46 COM 7B.44) и во согласност со Одлуката на Комитетот за светско наследство 41 COM 7B.34 (Краков, 2017 и Баку, 2019). Како дел од проектот, целта е и класификација и скенирање (дигитализирање) на заштитените археолошки локалитети, нивен избор и организирање по приоритет за полесно попис и архивирање. Оваа документација е неопходна не само како евиденција, туку и како алатка за управување и следење.
Сето тоа, е и една од целите на Стратегискиот план за рехабилитација на светското природно и културно наследство на Охридскиот регион (2023-2030) кои се нотирани како предложени мерки во Акциски план во Табелата со мерки за рехабилитација и Цели за Одржлив Развој на Обединети Нации кои се постигнуваат со нивно имплементирање и тоа: -во точка 1.A.10 Зајакнување на мерките за заштита на културното наследство во Охридскиот регион, каде ГИС проектот ќе помогне во Изработка на Елаборат за ревалоризација на културното наследство со инвентар на културни добра во Охридскиот регион, со иденфикација на доброто (граници и контактна зона), со утврдена постојна состојба, со дефинирани режими на заштита по зони, како и точка 1.А.17 Зајакнување на рамката за управување на прекугранично и национално ниво, односно Изработка на инвентар за Општина Поградец сличен на оној изготвен за Општина Охрид, сето тоа во една заедничка ВЕБ ГИС платформа. За таа, на настанот беше потпишан и Меморандум за соработка со директорката Јулјана Авдоли од Регионалната дирекција за национална култура (РДНК) Корча, Р. Албанија, каде и двете страни се обврзуваат да соработуваат на оперативно ниво, при организирање проекти, изложби, едукативни активности и други иницијативи кои придонесуваат за зачувување и промоција на културното наследство и ќе ги подобрат механизмите за заедничко управување со Охридскиот регион.“