Дванаесетмина лица починале во Гадаури – најголемиот скијачки центар во Грузија. Телата на 11 странски државјани и еден Грузиец биле пронајдени во спалните соби над индиски ресторан
Се верува дека трагедијата била предизвикана од генератор кој бил ставен во просторот за спиење откако вчера снемало струја во ресторанот, а жртвите се отруле со јаглерод моноксид.