Полициски претрес во домот на Артан Груби, бил во Косово
Утринава повеќето медиуми објавија дека полицијата извршила претрес во домот на поранешниот функционер на опозициската ДУИ, и на поранешниот директор на Државна лотарија поради сомнежи за организиран криминал во Државна лотарија. Груби на Фејсбук изјави дека заминал во Косово по приватни обврски и дека ќе се врати наскоро.
„Денеска патував за приватна посета. Ве молам, немојте да измислувате и шпекулирате. Редовно патував со моите патни исправи и за ова е известено и моето лично полициско обезбедување“, пишува Груби во објавата. Тој додава и дека веднаш штом ќе ги заврши обврските за кои отпатувал ќе се врати дома.
Полицијата трага и по Прпарим Бајрами, поранешниот директор на Државна лотарија. Но, ни тој не бил најден во неговиот дом, а полицијата се сомнева дека бил пребеган во Косово уште пред неколку месеци. Неговите роднини дале ветување дека ќе се врати, Ао неговиот дом е пронајдена поголема количина кеш пари, над 50.000 швајцарски франци.
Поранешниот директор на Лотарија, Перпарим Бајрами лани беше обвинет од тогашната опозиција дека изнајмувал локал за 21.000 евра месечно од фирма чиј сопственик е член на Управниот одбор на Лотарија, Шабан Азмовски Хамза и тоа со договор на 10 години. И Бајрами и Хамза биле дел од кабинетот на Артан Груби во Министерството за политички систем.