Златна година за Миа Танеска освојувајќи златен медал од сите натпревари во 2024 година
Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација под водство на претседтаелот Марјанчо Лазаревски и националниот селектор Саша Поповски од 13-15. 12 2024 година, учествуваше на најјакиот меѓународен Таеквон-до ИТФ А класа натпревар “10 Кинг оф Таеквон-до” во Солун, Грција, на кој имаа пријавено учество 1239 натпреварувачи од 17 земји ширум светот. Боите на нашата држава ги претставуваа 8 натпреваувачи кои и овај патм покрај огромната конкуренција и пристрасноста на допмашните судии, се потрудија повторно да не направат горди на нив, освојувајќи 1 златен и 5 бронзени медали.
М.Т.Т.Ф ја претставуваа 3 официјални лица, 2 национални тренери и 8 натпреварувачи, од клубовите
ТК “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид
ТК “МАСТЕР” Охрид
ТК “СОНКАЛ” Мислешево Струга
ТК “АХИЛИУС “Скопје
-Миа Танеска која е една од нашите помлади натпреварувачки, која само пред неколку дена наполни 12 години и влезе во повозрасна категорија, кадетки 12-13 години, иако најмлада во категоријата докажа дека вреди во неа да се вложува, повторно искачувајќи се највисоко на пиедесталот ,со пет победи осовјувајќи го златениот медал во форми , и со две победи над домашни претставнички,освојувајќи бронзен медал во борби, а со осовјувајнето на двата медали во две дисциплини, го доби и пехарот за најдобра кадетка 12-13 години. Истотака и Теодора Митреска која натперварува во категорија У-18 години, освои две медали и во форми и во борби, осовјувајќи два бронзнени медали. Во сениорска Конкуренција со медали не израдуваа Боќидар Димитриевиќ и Марио Крстески осовјувајќи бронзени медали. Христијана Парулеска поради повреда на коленото, не и беше дозоволено да се бори од страна на докторската екипа. Одлично се претставија сите наши натпреварувачи, посебно Давид Крстески и Владимир Димитриевичќ, демонстрирајќи домаинантни борби над домашните претсавници, но за жал судиите безобразно им ги одзедоа победите , со што резултираше со негодување и протести, од сите репрезентации. За жал многу натпреварувачи од сите репрезентации што учествуваа беа оштетени од страна на домашните судии, – информира претседателот на М.Т.Т.Ф Марјанчо Лазаревски.
Од Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација изразуваат благодарност до Генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ”, Министерство за спорт и Општина Охрид.
Освојувачи на медали се:
Миа Танеска Пехар за најдобра кадетка 12-13 години
1 место, злато форми 6-4 куп девојчиња 12-13 години
3 место , бронза борби девојчиња 12-13 години +55 кг.
Теодора Митреска 3 место , бронза борби младинки У-18 години -58 кг
3 место , бронза форми 4-1 куп, младинки У-18
Божидар Димитриевиќ 3 место , бронза борби сениори 18-34 години -92 кг
Марио Крстески 3 место , бронза борби сениори 18-34 години -58 кг.