Наутро ќе има услови за појава на магла по котлините, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност поголема попладне. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
До петок претпладне ќе се задржи стабилно и релативно топло преку денот и постојната снежна покривка ќе се намалува. Наутро во котлините ќе има услови за појава на магла особено за време на викендот кога и дневните температури ќе бидат пониски. Нов влажен бран со врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег ќе започне од запад од петок попладне а врнежите во најголемиот дел од земјата ќе започнуваат како врнежи од дожд, велат од УХМР.
Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 0 до 11 степени Целзиусови.