Skip to main content

Уапсен убиецот на рускиот генерал Кирилов во Москва

Шефот на единицата за биолошко и хемиско оружје на руската војска, генерал-полковник Игор Кирилов, е убиен заедно со неговиот заменик рано во вторникот во експлозија во Москва. Украински безбедносни извори изјавија дека Службата за безбедност на Украина (СБУ) го убила Кирилов во специјална операција.
 |  инфодеск  | 

Како што пренесоа утрово светските медиуми, цитирајќи го соопштението од Центарот за односи со јавноста на руската Федерална служба за безбедност, приведен е 29 годишен маж кој изјавил дека бил регрутиран од украинските специјални служби, а му била „гарантирана“ награда од 100 илјади долари и дозвола да се пресели во ЕУ во замена за убиството на Кирилов.

Оттаму додаваат дека по инструкции на Украина, тој пристигнал во Москва и изнајмил автомобил за да ја надгледува резиденцијата на Кирилов. Тој ја поставил експлозивната направа на електричен скутер, кој го паркирал на влезот од станбената зграда во која живеел Кирилов.