Skip to main content

Од 1 јануари бесплатен јавен превоз во Белград

Во тек е најголемата реформа во јавниот превоз, освен бесплатниот јавен превоз во следните три години целосно ќе се обнови целиот возен парк.
 |  инфодеск  | 
belgrade, serbia, panorama

Од 1 јануари следната година јавниот градски превоз во Белград ќе биде бесплатен и веќе никој нема да мора да плаќа билет, соопшти на денешната прес-конференција градоначалникот Александар Шапиќ.

„Нема веќе да има ниту месечни, ниту годишни карти, ниту попусти, туку градот Белград со оваа социјална мерка станува единствениот град во Европа, поголем од 500.000 жители, кој има бесплатен јавен превоз. Има примери, како Талин, кој има 450.000 жители, а некои и во Франција, но тоа се се’ помали градови со по 200-300 илјади жители“, изјави Шапиќ.

Тој посочи дека во тек е најголемата реформа во јавниот превоз, и додаде дека освен бесплатниот јавен превоз, во следните три години целосно ќе се обнови целиот возен парк. Тој кажа дека и приватните превозници, кои низ Белград возат повеќе од 30 години, се обврзани да купат нови возила.

Српската влада, Град Белград и кинеската компанија „Пауер Чајна“ неодамна потпишаа договор за изградба на првата фаза од линијата 1 на белградското метро, вреден 720 милиони евра. Властите притоа најавија дека белграѓани ќе почнат да се возат со метро од 2030 година.