На зонските натпревари во кошарка кои се одржаа вчера во Охрид екипите од охридската гимназија го освоија второто место и во машка и во женска конкуренција.
Девојките играа против екипата на СОУ “Ибрахим Темо” – Струга во финалето кое заврши со резултат 32:42, а момците кои исто така одиграа финале против екипата на СОУ “Ибрахим Темо” – Струга, завршија со резултат 58:64, информираат од ОСУ “Св. Климент Охридски” – Охрид.
