Skip to main content

црвен крст – охрид

Заедничка активност на Црвен крст и СВР Охрид: Превенција од користење на пиротехнички средства

Тимот за прва помош од Црвен крст Охрид, составен од парамедици и обучени волонтери за прва помош вчера изведоа симулациска вежба за ризиците од користење на пиротехнички средства
 |  инфодеск  | 

Црвен крст Охрид во соработката со СВР Охрид-Одделението, вчера одржаа заедничка активност за превенција на ризиците предизвикани од употребата на пиротехнички средства. Тимот за прва помош од Црвен крст Охрид, составен од парамедици и обучени волонтери за прва помош вчера изведоа симулациска вежба за ризиците од користење на пиротехнички средства

-Во меѓувреме, на случајни минувачи беа поделени едукативни материјали за опасностите од користење петарди и други пиротехнички средства со нагласување дека употребата на пиротехнички средства се казнува од страна на припадници на СВР Охрид-Одделение за превенција и волонтери на Црвен крст Охрид, се вели во соопштението до Црвен крст – Охрд.

„ПЕТАРДИТЕ НЕ СЕ ИГРАЧКА!“ – е пораката која организаторите на овој настан ја упатуваат до децата, но и до родителите, со апел за грижа за безбедни Новогодишни и Божиќни празници.

Од Црвен крст – Охрид додаваат дека вакви и слични активности веќе се реализираа и ќе бидат реализирани и во дел од основните училишта во Охрид.