Skip to main content

Денес Охрид ќе одбележи сто години од смртта на револуционерот Петар Чаулев

Овој значаен јубилеј во чест на охридскиот војвода ќе биде одбелеан со премиерна изведба на драма под менторство на професорот Михаил Патчев.
 |  инфодеск  | 

Денес во куќата на Христо Узунов во 15 часот, ќе се одржи пригоден настан по повод јубилејот 100 години од смртта на охридскиот револуционер Петар Чаулев.

Предвидено е обраќање на претставник од локална самоуправа како и изведба на театарска претстава „Последниот лет на Чаулев“ авторско дело на Михаил Патчев, професор по историја. Претставaта ќе ја изведат ученици од охридската гимназија.

 Петар Чаулев е еден од најпознатите македонски револуционери од охридскиот регион. Член и раководител  на Македонската револуционерна организација, Чаулев се смета за еден од позначајните ликови  во долгогодишната борба за ослободување на македонскиот народ. Бил на чело на охридското востание и еден од потписниците на Мајскиот манифест на ВМРО, со кој се обединуваат сите револуционерни сили на македонското ослободително дело во единствен фронт.