Skip to main content

Масовни и мирни протести во Србија, 100.000 луѓе молчеа 15 минути во чест на петнаесетмината загинати во несреќата во Нови Сад

Градежниот факултет во Белград неодамна ја анализираше достапната документација објавена од властите и тврди дека недостасуваат клучни ставки.
 |  инфодеск  | 

100 000 луѓе вчера се собраа на повик на студентите од белградските факултети да побараат исполнување на барањата да се дознаат деталите за несреќата во Нови Сад каде во падот на натстрешница во Нови Сад на почетокот на ноември загинаа 15 лица. Градежниот факултет во Белград неодамна ја анализираше достапната документација објавена од властите и тврди дека недостасуваат клучни ставки. На протестот одржан на белградскиот плоштад „Славија“ им се придружија земјоделци, медицински работници, актери, уметници и жители на Белград и околните градови. Ова е најголемиот настан во историјата организиран од студентите во Србија.

Протест се одржа и во Ниш каде со студентите на улица излегоа и голем број граѓани. На насобраните на почеток им се обратија здравствените работници, а потоа сите заедно тргнаа до трговскиот центар Делта Планет каде заврши протестот. Здравствените работници од Крагуевац излегоа на крстосницата кај крстот во знак на поддршка на студентите, но и на своите колеги во Белград.

Претседателот Александар Вучиќ вчера кажа дека нема да попушти пред студентите и најави давање субвенции за купување стан или куќа за млади.