Skip to main content

Со злато веслачите на Горица Ремо ја завршија овогодинешната сезона

На покана на Веслачкиот клуб Палиќ, охридските веслачи учествуваа на штафетен натпревар во кадетска и сениорска конкуренција. Кадетот Андреј Крстески во штафета со веслачи од В.КПалиќ го освои 13 место, додека Исабела Димоска и Александра Маленкоска заедно во штафетасо веслачки од ВК Бегеј и ВК Палиќ извеслаа до златиот медал.
 |  инфодеск  | 

Викендов во Палиќ, Република Србија се одржа ROWLE ERGO штафета 2024 во склоп на проектот ROWLE како дел од програмата Interreg VI-A помеѓу Унгарија и Србија.

Ова забавно и возбудливо натпреварување Rowle Ergo Relay се одржа во салата на училиштетоШандор Петефи во Бачки Виноград, каде што учество зедоја преку 250 учесници од Србија,Унгарија и Македонија. Штафетниот формат подразбира секоја екипа да биде составена од
четири членови, кои што заедно треба да извеслаат 2000 метри, така што секој член на екипататреба да извесла 500 метри.Овој концепт не само што е забавен, поради брзата замена на ергометрите, туку и поттикнува и меѓусебна поддршка и мотивација-децата на овој начин сеповрзуваат и охрабруваат многу повеќе.

На покана на Веслачкиот клуб Палиќ, охридските веслачи учествуваа на овој штафетен натпреварво кадетска и сениорска конкуренција. Кадетот Андреј Крстески во штафета со веслачи од В.КПалиќ го освои 13 место, додека Исабела Димоска и Александра Маленкоска заедно во штафета со веслачки од ВК Бегеј и ВК Палиќ извеслаа до златиот медал. Целта на овој проект е промоција на веслањето, здравиот начин на живот како и јакнењето на прекуграничните професионални и пријателски односи.