Патниот сообраќај превоите на Буково и Ѓавато е нормализиран. Воведени се забрани за движење на товарни моторни возила на следните патни правци: Тетово – Попова Шапка (забрана за ТМВ, за сите останати видови возила задолжителна е употреба на зимска опрема), Гостивар – Стража, Маврово – Дебар, Прилеп – Македонски Брод и Охрид – Кичево.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија Пат.
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на патниот правец К. Паланка – гр. премин Деве Баир и на планинскиот превој Пресека. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.