Skip to main content

Следната година ќе се вработат 300 нови војници, ќе се реконструираат одмаралиштата во Дојран и Свети Наум

Следната година ќе се вработат 300 нови војници, ќе се реконструираат одмаралиштата во Дојран и Свети Наум
 |  инфодеск  | 
Арм

Армијата на Северна Македонија следната година ќе прими 300 нови професионални војници, 60 граѓани со цивилни факултети, но и нови кадети, најави вчера министерот за одбрана, Владо Мисајловски на завршната конференција за 2024 година, на која се зборуваше за главните предизвици и достигнувања на Министерството за одбрана.

Министерот Мисајловски потврди дека со издвојувањето на 2% од државниот буџет за одбраната, Македонија останува усогласена со обврските од НАТО членството. Истовремено, 14 милиони евра се исплатени за подобрување на условите за војниците, додека се решени претходни тужби од 6 милиони евра.

Исто така, најави дека наредната година ќе се инвестира во најголем дел од капацитетите на МО, кои се во лоша состојба, меѓу кои Домот на АРМ во Скопје, како и одморалиштата во Дојран и Свети Наум.