Skip to main content

Фатен крадец во продажен објект на булеварот „Железничка“

Предметите се вратени на сопственикот на објектот и по целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.
 |  инфодеск  | 
Свр Охрид

На 25-ти декември 2024 година, во 16:30 часот, во продажен објект лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, приведено е 46 годишно лице од Охрид, кое претходно било затекнато при кражба на помошен работен алат и прибор.

– Предметите се вратени на сопственикот на објектот и по целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.