Денес за Божиќ бесплатен паркинг
Денес бесплатен паркинг.

ЈП “Билјанини Извори” информира дека денес, 07. 01. 2025 година (вторник) сите паркинг места со кои стопанисува јавното претпријатие ќе бидат бесплатни за сите корисници во текот на целиот ден.
-ЈП “Билјанини Извори” на сите православни верници им го честита големиот празник и им посакува многу здравје и бериќет. За многу години, Христос се роди, стои во соопштението од претпријатието.




