Skip to main content

Два натпревари суспензија за Винисиус Жуниор поради нападот на Столе Димитриевски 

Бразилецот може да игра во шпанскиот Суперкуп кој од денес се игра во Саудиска Арабија. Винисиус во четврток ќе игра против Мајорка. Реал доколку победи, во финалето ќе се соочи со победникот од пресметката Барселона-Атлетико Билбао.
 |  инфодеск  | 

Бразилецот Винисиус Жуниор доби два натпревари суспензија за неспортскиот потег кон македонскиот голман Столе Димитриевски во натпреварот со Валенсија, и откако доби директен црвен картон на првенствениот натпревар против Валенсија, во кој Реал победи со 2-1.

Бразилецот одговори агресивно и заработи црвен картон на „Месталја“, а откако дисциплинската комисија реши да му додели суспензија од два меча, Шпанците решија да откријат и една конверзација меѓу Столе и Вини од стартот на вториот дел.

– Ти ќе шутираш, или не? Не се осмелуваш да шутираш, – му порачал Димитриевски на Винисиус, пред Бразилецот да ја предаде топката на Џуд.

Реал Мадрид доби пенал по стартот на Тарега над Мбапе, па иако топката првично ја зема Винисиус, на крајот ударот од 11 метри го изведе Белингам.