Skip to main content

Законот за води да настапи под итно

Една институција треба да биде одговорна за управувањето со водите во Р Македонија, тврдат од Министерството за животна средина и просторно планирање. Досега повеќе институции  имаа дел од надлежностите така што не се знаеше чија е одговорноста, велат од министерството.

 |  Билјана Николовска  | 
Panoski
Паноски
ohridsko ezeroЕдна институција треба да биде одговорна за управувањето со водите во Р Македонија, тврдат од Министерството за животна средина и просторно планирање. Досега повеќе институции  имаа дел од надлежностите така што не се знаеше чија е одговорноста, велат од министерството.

За водите во државава доволно е да се грижи една институција. Ова е еден од заклучоците на неодамна одржаната конференција во Скопје во МЖСПП. На конференцијата се дебатираше на три теми и тоа еколошката димензија на значењето на водите, интегрираниот концепт на управување со води и поведување иницијатива парламентот да ја поправи грешката што го одложи применувањето на Законот за води. Имено, Соња Лепиткова од ова министерство, потенцираше дека повеќе од потребно е да се придаде важност на водите бидејќи тие се вистинска вредност на природата.
Законот за води е закон во кој што се имплементирани европските директиви и истиот е повеќе од потребен во државава. Со тој закон предвидено е управувањето со водите да премине во МЖСПП, што значи да му се даде еколошката компонента, односно водите да бидат заштитени, вели Дејан Паноски од Билатералниот секретаријат за управување со води и сливни подрачја.
За интегрирано управување со водите во државава одамна се зборувало, вели Липиткова и додава дека парламентот треба да ја поправи својата грешка од пред нова година кога била одложена примената на новиот Закон за води. На тоа се надоврзува и Паноски.
Интегрираното управување со водите значи контролирано управување со сите нив.Тука многу важно е запазувањето на прекуграничната компонента, бидејќи познато е дека Македонија многу водени ресурси дели со Албанија.

{loadposition content9}