Skip to main content

ухмр

Денес променливо облачно, кон крајот на денот повремен локален дожд

Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 5 до 11 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремен локалeн дожд, на повисоките планини слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а во југозападните делови повремено засилен ветер од јужен правец. Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 5 до 11 степени Целзиусови.

Од УХМР информираат дека утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Во недела врнежите наместа ќе бидат пообилни, а поради спуштање на постудена воздушна маса со засилен северен ветер ќе бидат претежно од снег. На повеќе места се очекува да се формира снежна покривка, а на планините позначително да се зголеми. Повремен снег ќе има и во понеделник, а потоа ќе преовладува стабилно и студено време.