Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид со апел пред најавениот снежен бран граѓаните да ги дислоцираат паркираните возила.
-Заради најавените снежни врнежи во следните денови во охридскиот регион, Ј.П.,,Охридски Комуналец” упатува апел до граѓаните на општина Охрид и приградските населби да ги дислоцираат моторните возила од коловозните површини во централното градско подрачје, У.З.Стар Град, тесни улици, потоа сите улици кои согласно категоризацијата се од највисок приоритет на интервенција, каде и движењето во зимски услови е отежнато, се вели во нивното соопштение.
Со цел да се овозможи непречено и успешно дејствување на ангажираната механизација и да се елминира можноста за оштетување на паркираните возила при чистење на снегот, од претпријатието велат дека само со координирана акција и активно учество на сите чинители, снегот навремно ќе се расчисти и ќе се овозможи нормално движење на возилата и пешаците, а со тоа и нормално функционирање на градот.