Skip to main content

ухмр

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд и температури до 9 степени

Во Охрид максималните температури од 4, а максималните ќе се движат до 9 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Во текот на ноќта врнежите ќе бидат пообилни и во северните делови ќе преминуваат во снег и во пониските места.

Во Охрид максималните температури од 4, а максималните ќе се движат до 9 степени Целзиусови.

Во недела не очекува облачно и студено време со врнежи претежно од снег, наместа пообилни. На повеќе места се очекува да се формира снежна покривка, а на планините позначително да се зголеми.