Skip to main content

Кои се најбогатите во Македонија?

Во Македонија нема милијардери, но се знае за неколку стотини домашни милионери. Тие поседуваат акции во металната индустрија, рударството, шпедицијата, медиумите, фармацевтските куќи, како и во болници, банки.

 |  Маја Савиќ  | 
Во Македонија нема милијардери, но се знае за неколку стотини домашни милионери. Тие поседуваат акции во металната индустрија, рударството, шпедицијата, медиумите, фармацевтските куќи, како и во болници, банки.

Во време на економска рецесија, лани македонски бизнисмен како чист приход за оданочување пријавил 15 милиони евра. Една година пред овој фискален период, скопски и битолски бизанисмен, сопственици на компании, заработиле 20, односно 30 милиони евра профит, што предизвика и вчудоневиденост и кај даночните служби. Истовремено, газда на една позната профитабилна ИТ компанија, стекнал 30 милиони евра приход од купопродажба на акции во време кога македонската берза бележеше подеми и падови, од најскапи до најефтини акции на пазарот на капитал.

Bogati

Во Македонија нема милијардери, малкумина се на балканските простори, но се знае за неколку стотини домашни милионери.
Зошто не се прави ранг листа на најбогатите?
Дали во скудни социјални и услови на либерална економија и пазар, во се‘ уште незавршената транзиција, постои отпор кон богатите луѓе во Македонија, зошто не се прави ранглиста на најбогатите?
Македонските претприемачи својот капитал го создадоа во време на распадот на Југославија, преку 2-3 извозно-увозни компании во тријаголникот Москва-Виена-Киев. Потоа следуваше неправедната приватизација и обезвредннување на пазарните вредности на компаниите што беа во државна сопственост.
„Одредени луѓе стекнаа огромни богатства и тоа предизвика револт кај еден дел од социјалците и интелектуалните кругови, кои не учествуваа во прераспределбата на капиталот, но не може да се тврди дека сите заработија на коруптивен  и криминален начин“, вели пратеникот Мијалчо Николов од помладата генерација на кадри на СДСМ, чии влади го креираа концептот на приватизацијата.
Етаблираните големи претприемачи поседуваат акции во металната индустрија, рударството, шпедицијата, медиумите, фармацевтските куќи и веледрогериите, како и во болници, банки.
Тие донираат во верски објекти, култура, спортски клубови, научни фондации. Како своевиден исплатлив бизнис кој може да ги отвори и европските фондови, дел од македонските богаташи поседуваат лозови насади, винарии, бачила за квалитетни и ексклузивни сирења и кашкавали.
{loadposition content9}