Skip to main content

амсм

Забрана за движење на камиони на неколу патни правци

Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП Македонија Пат.
 |  инфодеск  | 

Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП Македонија Пат. Врнежи од снег со променлив интензитет во утринските часови се бележат низ целата држава.

Забрана за движење на тешки товарни возила има на следните патни правци:

  • Гостивар – Маврово – Дебар
  • Гостивар – Стража – Кичево
  • Струмица – Берово
  • Тетово – Попова Шапка (за патнички возила задолжителна е употреба на зимска опрема.)
  • Пресека
  • Плетвар
  • Ѓавато
  • Струга – Г.П. Ќафасан
  • Делчево – Г.П. Делчево

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.