Одекнаа зурлите и тапаните се развиори Василичарското оро, продолжи вековната традиција, под падините на Јабланица карневалска магија. Вевчани наликува на слободен театар без граници со многу хумор и сатира.
Покрај традиционалните, зетот и невестата, Глупавиот август и ѓаволите, низ вевчанските улици продефилираа стотици маски.
Во фокусот на карневалот годинава беа скандалот со државна лотарија, бегството на Груби, променатата на личните документи, по вевчанските улици прошетаа поранешните министери на ДУИ кои играа фудбал, екс директорот на УБК Мијалков, се повози со црвеното ферари и уште многу други страшни, смешни екстравагантни, маски изработени до совршенство.
По две децении, Вевчани годинава повторно стана дел од престижната Федерација на европски карневалски градови од каде денес присуствуваше и делегација.
–Имаме вевчански карневал кој што всушност е национален бренд нешто што е препознатливо и не само во македонија туку е уникатен и препознатлив и за европа из а целиот свет и ние мора да го негуваме и да ја одржуваме традицијата , изјави Зоран Љутков министер за култура и туризам.
–Не треба да се замерува знаете така е во вевчани овие два дена ние вавечанците не си замеруваме а веќе треба и тие што доаѓаат штом доаѓаат им е убаво. Знаете вевчанскито карневал или го сакте или не, тие што дошле и им се допаѓа доаѓаат, рече Спасе Кочоски градоначалник на Вевчани.
По централното дефиле василичарите ги посетуваат вевчанските домови, ја светат водата на вевчанските извори и го вртат кашаникот со паричката. Вечерва ќе има концерт на Наум Петрески и оркестарот на зурли и тапани од Вевчани. Карневалот завршува утре со последното Василичарско оро и ритуалното палење на маските.