Судот во Келн во понеделникот пресуди дека само производите кои всушност се произведуваат во самиот Дубаи можат да се продаваат под таа ознака. Во спротивно, постои ризик потрошувачите да бидат доведени во заблуда, наведе судот.
Случајот се однесува на чоколадите „Alyan Dubai Handmade Chocolate“ на германскиот синџир на намирници Aldi Süd, кои станаа хит откако беа лансирани во продавниците во декември, а инаку се произведуваат во Турција.
Чоколадите наречени „Дубаи чоколадо“ се полнат со крем од ф’стаци и крцкав кадаиф. Овој тренд во целиот свет беше широко промовиран на платформите на социјалните медиуми Instagram и TikTok.