општина охрид
Јавен повик за субвенционирање на комунални услуги
Општина Охрид ќе врши обезбедување на правото на остварување на социјална заштита на граѓаните, од средствата на Буџетот на Општина Охрид, во облик на спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици.
Врз основа на член 36 од Законот за локална самоуправа (,, Сл.весник на РМ“ бр.5/02), член 11, 12 и 306 став 2 од Законот за социјална заштита (,,Сл.весник на РМ” бр.79/09, 36/11, 51/11, 166/12, 15/13, 79/13, 164/13, 187/13, 38/14, 44/14, 116/14, 180/14, 33/15, 72/15, 104/15, 150/15, 173/15, 192/15, 30/16, 163/17 и 51/18), програмата за социјална и здравствена заштита на општина Охрид за 2025 година како и Одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги бр.08 – 15415/59 од 25.12.2024 година (,,Службен гласник на општина Охрид број 14/24 од 26.12.2024 година), Градоначалникот на општина Охрид објавува Јавен повик за субвенционирање на комунални услуги.
Повеќе информации на линкот.