Денес ќе навиваме за Македонија на Светското првенство
Натпреварот започнува во 20:30 часот, а ќе се игра во „Вараждин Арена“. Да навиваме за Македонија!
Вчера, актуелните светски шампиони, репрезентацијата на Данска со убедлива победа од 47:22 против Алжир го започна Светското првенство во ракомет. Данците доминираа на теренот од самиот старт., на полувремето предноста на фаворитот веќе изнесуваше девет голови разлика (20:11), а во вториот дел беа уште поубедливи. И Австрија го победи Кувајт со 37:26.
Македонските репрезентативци вчера го одработија последниот тренинг во Вараждин во пресрет на официјалниот старт на светскиот шампионат. Селекторот Кире Лазаров изрази увереност дека неговите избраници ќе дадат сè од себе на теренот против фаворизираните унгарци.
Натпреварот започнува во 20:30 часот, а ќе се игра во „Вараждин Арена“. Да навиваме за Македонија!