МВР потврди дека жената чие тело е пронајдено во Вардар е исчезнатата Лидија Трајковска
Телото кое пред неколку дена беше пронајдено во Вардар кај Зелениково, е идентификувано.
| инфодеск | Македонија
Телото кое пред неколку дена беше пронајдено во Вардар кај Зелениково, е идентификувано.
По ДНК анализата, утврдено е дека станува збор за исчезнатата 43-годишната Лидија Трајковска од скопското село Јурумлери, која од 8-ми ноември минатата година се водеше за исчезната. При првичната полициска потрага, беше утврдено движењето на жената. Таа од Јурумлери се упатила по патот што води кон Драчево, а на тој пат, во близина на мостот на реката Вардар, при пребарување на теренот, биле најдени кутија од цигари, запалка и џемпер. Сопругот на Трајковска потврдил дека цигарите и запалката биле нејзини.