Нерешено заврши натпреварот Македонија-Унгарија на Светското првенство во ракомет
Во второто коло вo петок Македонија игра со Холандија. Да навиваме за Македонија!
Македонија одлично го отвори Светското првенство во ракомет во Хрватска. Одигравме нерешено 27:27 против Унгарија во првото коло од Светското првенство во Вараждин. Македонската репрезентација водеше и со 4 гола во првото полувреме против унгарците, но по неколкуте грешки и промашен седмерец на крајот на првото полувреме Унгарија успеа да го израмни резултатот.
Најефикасни во нашиот табор беа Кузмановски со десет и Митев со три гола, а кај Унгарија се истакнаа Илиќ со шест и Лекаи со четири гола. Во второто коло вo петок Македонија игра со Холандија, а Унгарија за противник ја има Гвинеја.


