Црвен крст- Охрид со иницијатива да и помогнеме на Ана
Охриѓани пред уште еден хуманитарен предизвик за помош на 16 годишна наша сограѓанка која боледува од ретката болест Аrnold Chiari Мalformation и потребно е да и се изврши итна операција на мозокот. За операцијата која ќе се изведува во Бамберг, Германија потребни се 37.000 евра.
Црвен крст Охрид се вклучи во хуманитарната акција за собирање на финансиски средства за нашата сограѓанка Ана и на повеќе локации во градот (маркети, кафулиња, хотели) веќе се поставени собирни кутии со знакот на Црвен крст во кои секој ќе може да донира финансиски средства според своите можности.
Може да се донира и на:
ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА 200001580828877 во Стопанска банка – Александра Радеска
IBAN: MK07200001578950084
SWIFT: STOBMK 2X
и БРОЈ ЗА ДОНАЦИИ:
Телеком: 143 – 115,
A1: 143 – 479
-Да се мобилизираме во хуманоста и помогнеме да се спаси еден млад човечки живот, порачуваат од Црвен крст Охрид.