Skip to main content

УХМР

Утрото студено, попладнето сончево

Во Охрид денес температурите ќе се движат од -1 до 5 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Утрото многу студено со услови за магла по одделни котлини, а преку денот сончево со мала до умерена облачност.

Во Охрид денес температурите ќе се движат од -1 до 5 степени Целзиусови.

Во деновите од викендот утре ќе преовладува стабилно време со утринските температури кои насекаде ќе бидат под нула, а дневните ќе бидат во постепен пораст. По котлините ќе има појава на магла и таму дневните температури ќе остануваат пониски. Од понеделник ќе има зголемување на облачноста, а локални врнежи од дожд, на планините од снег се очекуваат во текот на ноќта кон вторник и во вторник преку денот, информираат од УХМР.

Фото: Ѓоко Симјаноски