Skip to main content

свр охрид

Ирец приведен во Охрид за недозволена трговија со дрога

На 16-ти јануари 2025 година, во 13:30 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид лишиле од слобода 31-годишно лице од Ирска, со привремен престој во Охрид, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
 |  инфодеск  | 

На 16-ти јануари 2025 година, во 13:30 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид лишиле од слобода 31-годишно лице од Ирска, со привремен престој во Охрид, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот во Охрид во кој престојува, при што биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, дробилка и повеќе други предмети со остатоци од марихуана и бела прашкаста материја. Лицето било задржано во Полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.