Skip to main content

Во струшка Нефрологија недостигаат лекари и медицински персонал

Очекуваат дека со најавата на Министерството за здравство за нови вработувања ќе се зголеми бројот на медицинскиот персонал, а со тоа и квалитетот на услугите.
 |  инфодеск  | 
Завод за нефрологија Струга

Околу 25 лекари, медицински сестри, болничари и хигиеничари недостасуваат во Јавната здравствена установа Специјалната болница за Нефрологија Струга.

И покрај дефицитот од медицински персонал, менаџментот вели дека успешно се справуваат со секојдневните предизвици. Очекуваат дека со најавата на Министерството за здравство за нови вработувања ќе се зголеми бројот на медицинскиот персонал, а со тоа и квалитетот на услугите.

„Имаме дефицит на лекари, медицински сестри, болничари, хигиеничари. Моментално бројот на вработени е 226, но имаме ветување дека набргу со реализација на проектот за вработување во сите медицински установи овој недостаток ќе го надополниме“, изјави Зиба.

Во струшка Нефрологија потребни се 7 -8 лекари, 15 медицински сестри, како и хигиеничарки и болничари, но бројот ќе се зголемува поради порастот на пациенти со кои имаат потреба од хемодијализа. Дел од проблемот, како и во сите здравствени установи, е решавањето на статусот на вработените со договор на дело. Во многу болници многу од нив работат и по повеќе години.

Со договор на дело во моментот имаме 25 вработени, кои чекаат решение за работа најмногу две години. Министерството за здравство ги помина последните состаноци за прилагодување на статусот на овие вработени“, додаде Јетмир Зиба-директор на Завод за нефрологија- Струга.

Бројот на пациенти кои имаат потреба од хемодијализа е во пораст, а најголеми причинители се дијабетот и хипертензијата. Лекарите постојано работат на подобрување на условите во болницата, но и на промоција на проектот за „холидеј дијализа“.

Во Нефрологија Струга минатата година изведени се 16.000 хемодијализи, а од основањето на болницата над еден милион.Низ струшка нефрoлогија годишно поминуваат, повеќе од 14.000 пациенти,

Новинар Соња Рилковска