Опасно е да се зборува за бракот на Саркози
Оставки вo Интернет компании поради шпекулациите за проблеми во бракот на Никола Саркози и Карла Бруни.Директор на Интернет компанија, која ги пренесе шпекулациите дека бракот на првата француска двојка Никола Саркози – Карла Бруни има потешкотии, поднесе оставка.
| Маја Савиќ | Свет
Оставки вo Интернет компании поради шпекулациите за проблеми во бракот на Никола Саркози и Карла Бруни
Директор на Интернет компанија, која ги пренесе шпекулациите дека бракот на првата француска двојка Никола Саркози – Карла Бруни има потешкотии, поднесе оставка.
Директор на Интернет компанија, која ги пренесе шпекулациите дека бракот на првата француска двојка Никола Саркози – Карла Бруни има потешкотии, поднесе оставка.
Името на директорот не се соопштува. Се појаснува дека тој раководел со компанијата Њузвеб (Newsweb), која ја поддржува електронската верзија на францускиот неделник „Журнал ди диманш“.
Во блог на електронската верзија на неделникот во ноќта на 9 наспроти 10 март се појави анонимно соопштение, дека бракот на семејството Саркози не оди, и дека двајцата имаат вонбрачни врски. Веста го обиколи светот и најмногу беше пренесена во британските медиуми.
Првата француска двојка ги демантираше тврдењата, а претседателот Саркози ги оцени како глупости.
Поради скандалот оставка поднел и еден од авторите на блогот во „Журнал ди диманш“.
{loadposition content9}