Претпладне со појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време, особено на повисоките места и на планините, поради што висината на снежната покривка и понатаму ќе се намалува. По котлините ќе биде магливо и постудено. Локални врнежи од дожд се очекуваат во среда.
Во Охрид денес температурите во интервал од 1 до 12 степени Целзиусови.