Skip to main content

Крушево и Македонија го слават 44-тиот роденден на Тоше

Македонската легенда, великанот Тоше Проески, денес на 25 јануари, ќе дуваше 44 свеќи на тортата.
 |  инфодеск  | 

Македонската легенда, великанот Тоше Проески, денес на 25 јануари, ќе дуваше 44 свеќи на тортата. Во Прилеп на денешен ден е роден Тоше Проески – музичар, миленик на бројни генерации. Музичката кариера ја започнал со настапот на „Мелфест“ во 1997 година. 

Денес на Гумење во Крушево во 12 часот ќе се одржи програма насловена „Ангел си ти,“ посветена на 44-тиот роденден на македонската музичка икона Тоше Проески, кој трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година, кај Нова Градишка, Хрватска.

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, ќе биде дел од одбележувањето, положувајќи цвеќе и посетувајќи го Спомен домот. Под диригентската палка на Аделина Колева, ќе се изведуваат безвременските хитови на Тоше, во изведба на вокалната формација „Оренда“ и вокалниот состав „Графити“. Посебна магија на концертот ќе донесат и младите солистки Нела Манческа и Дорис Димовска, како и прилепската група „Локдаун“.

Традиционално, во холот на Домот на АРМ во Скопје денеска ќе се одржи крводарителска акција во спомен на хуманоста на Тоше Проески.