Сончево со мала до умерена локална облачност и претежно тивко, а по котлините во поголем дел од денот со ниска облачност и магливо.
Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 0 до 12 степени Целзиусови.
Утре времето ќе биде стабилно, по котлините магливо и постудено, а на повисоките места и на планините релативно топло. Во среда во западните делови, а во четврток на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, кој од петок ќе го промени правецот во северен, информираат од УХМР.
Фото: Ѓоко Симјаноски