Skip to main content

Охридскиот БРЕИНОБРЕИН Центар врши упис на нови ученици

Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН на Црвен крст Охрид ги отвара вратите за упис на нови ученици. Охридскиот центар за оваа Интернационална едукативна програма е прв на Балканот и во земјава и најуспешен според постигнувањата на државни и меѓународни натпревари. Заинтересираните родители и деца за зимскиот циклус на уписи, може да се запознаат со техниките и методологијата на оваа програмата на отворен ден кој го организира Црвен Крст на 8ми февруари.
 |  Маја Савиќ  | 

Во тек се зимските уписи во Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН на Црвен крст Охрид. Интернационалната Бреинобреин едукативна програма е наменета за деца од 4 до 14 годишна возраст преку која тие се стекнуваат со нумерички и вербални вештини и ги развиваат концентрацијата, меморијата, способноста за учење, самодовербата и креативноста.

Во нашето 15 годишно постоење и успешно работење, можеме да се пофалиме дека од нашиот Центар навистина излегле бројни дечиња генијалци , така би ги нарекла. Сите оние коишто работат посветено и онака како што налага Програмата со 15 минутно секојдневно вежбање и тренинг на мозочето преку ментална аритметика и неуро-лингвистичко програмирање навистина се постигнува целосен развој на мозочниот капацитет кој понатаму на овие деца не само што им го олеснува образовниот систем туку и понатаму ги прави да бидат успешни во секоја сфера од општественото живеење.“ – вели Валентина Кузманоска – тренер за Бреинобреин програма.

Професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени според меѓународните стандарди на Бреин о Бреин програмата преку проверени и ефикасни техники и вештини им помагаат на децата да достигнат развој и целосно искористување на мозочниот потенцијал.

Со оглед на тоа дека сум и просветен работник којшто долги 35 години сум во образование и го следам од најмали нозе напредокот почнувајќи од прво одделение па до 5-то, овие деца кои ја посетуваат програмата се истакнуваат во однос на другите. Значи тоа се деца коишто имаат многу висока самодоверба, можат да се снајдат во секаква ситуација, многу лесно можат да се справат во ситуации каде ќе наидат на решавање на проблеми. Ако на некое дете му треба цел ден да совлада одредена содржина или проблематика, овие деца кои излегуваат од нашиот Центар сето тоа го прават за многу пократко време и што е најспецифично е тој мултитаскинг.“ – вели Кузманоска.

Детали за уписите и пријавување во просториите на Црвен крст Охрид, секој работен ден од 8-16 ч., а за заинтересираните за Бреинобреин програмата ќе биде организиран и отворен ден на 08ми февруари(сабота) од 12 до 14 ч. во просториите на Црвен крст Охрид. Уписите траат до средината на февруари.