
Над 50 олдтајмери од Западна Европа и регионот кон крајот на септември и почетокот на октомври ќе бидат дел од меѓународно рели од премиум ранг што ќе се вози низ државава и ќе се промовира винскиот туризам.
Директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Билјана Стефаноска денеска оствари средба со Благоја Петровски и Игор Стефановски од клубот „Бахус Класик“ од Скопје, организатори на овој настан .

Проектот ќе ги презентира македонските културни знаменитости, традиционалната храна и вината. Организаторите имаат цел да направат седумдневно рели со возење и дегустирање на познатите македонски вина низ Скопје, Повардарието, Хераклеа, Охрид и Бигорскиот манастир.

Директорката Стефаноска ја поддржа идејата на проект кој има за цел да го прикаже сето она што е специфично за нашата земја почнувајќи од виното и храната до историските знаменитости.
Со овај настан на кој се очекуваат околу 120 учесници и 60 возилаод Западна Европа, поточно од Германија, Австрија, Луксембург, Италија како и од државите од регионот, Македонија ќе се позиционира на мапата на светски настани од овој ранг. Релито е впишано во календарот на Светската федерација за историски возила

Latest Охрид
