Д-р Џулиана Михајловска од тимот на клиниката „Жан Митрев“ утре ќе одржи предавање во просториите на Црвен крст
Од Црвен крст- Охрид информираат дека и понатака ја продолжуваат нивната соработка во делот на здравствено-превентивната дејност со Референтниот Центар на ЖАН МИТРЕВ КЛИНИКА во Охрид.
Оваа сабота, тие ќе се посветат на ендокринологијата и дилемите и проблемите кои постојат кај општата популација, децата и младите, поврзани со вишок на килограми, дисбаланс на метаболизмот, нивото на шеќер во крвта, тегоби со штитната жлезда и друго.
За сите овие теми нашите сограѓани ќе можат да се информираат и едуцираат од страна на Д-р Џулиана Михајловска, специјалист по ендокринологија од тимот на Жан Митрев Клиника, Скопје, на настанот што ќе се реализира утре, сабота, 01.02.2025 г. во просториите на Црвен крст Охрид со почеток во 11 часот.
-Присутните на овој настан ќе имаат можност и за закажување на индивидуална средба и бесплатна консултација за евентуални симптоми, тегоби и здравствени проблеми поврзани со темите, со Д-р Михајловска, истиот ден, во просториите на Канцеларијата на Референтниот Центар на ЖАН МИТРЕВ КЛИНИКА, која се наоѓа на ул. 7-Ми Ноември бр. 27, 1/1 во Охрид. Не ја пропуштајте и оваа можност во грижа за своето здравје,- порачуваат од Црвен крст Охрид.