Денеска предавање за ендокринологија во просториите на Црвен крст
Денес, Д-р Џулиана Михајловска од тимот на клиниката „Жан Митрев“ ќе одржи предавање во просториите на Црвен крст во врска со ендокринологијата и дилемите и проблемите кои постојат кај општата популација, децата и младите, поврзани со вишок на килограми, дисбаланс на метаболизмот, нивото на шеќер во крвта, тегоби со штитната жлезда и друго.
Настанот ќе се реализира со почеток во 11 часот.
-Присутните на овој настан ќе имаат можност и за закажување на индивидуална средба и бесплатна консултација за евентуални симптоми, тегоби и здравствени проблеми поврзани со темите, со Д-р Михајловска, истиот ден, во просториите на Канцеларијата на Референтниот Центар на ЖАН МИТРЕВ КЛИНИКА, која се наоѓа на ул. 7-Ми Ноември бр. 27, 1/1 во Охрид. Не ја пропуштајте и оваа можност во грижа за своето здравје,- порачуваат од Црвен крст Охрид.