Skip to main content

Маркетите со намален промет од 46,59%

УЈП најави дека ќе продолжи со мониторирање и анализа на овие трендови, како и на информирање на јавноста за сите важни податоци кои ќе имаат влијание на економијата.
 |  инфодеск  | 

Вчерашниот бојкот го преполови вчерашниот вкупен промет за 46,59%, објави УЈП.

Според споредбената анализа на податоците, во петок, 31.01.2025 година во однос на петок, 24.01.2025 година, во осумте поголеми ланци на маркети е забележан пад на вкупниот промет за 46.59% Во петок, 31.01.2025 година, во однос на четврток, 30.01.2025 година, во осумте поголеми ланци на маркети е забележан пад на вкупниот промет за 46.29%.

УЈП најави дека ќе продолжи со мониторирање и анализа на овие трендови, како и на информирање на јавноста за сите важни податоци кои ќе имаат влијание на економијата.