Skip to main content

СВР Охрид

Охриѓанец возел под дејство на алкохол и се обидел да ѝ избега на полицијата

Приведен охриѓанец кој под дејство на алкохол управувал џип и ѝ избегал на полицијата.
 |  инфодеск  | 
Свр Охрид

На 2-ри февруари 2025 година, во 03:30 часот, на улицата „Егејска“ во Охрид, лишено е од слобода 42-годишно лице од охридското село Долно Лакочереј, кое претходно, на улицата „Железничка“ управувајќи џип со охридски регистарски ознаки, не застанало и избегало од полициската патрола која се обидела да го сопре возилото.

– Набргу, по преземени мерки, тој бил сопрен на улицата „Егејска“ при што било констатирано дека тој, моторното возило го управувал под дејство на алкохол поради што е исклучен од сообраќај и ќе му биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.